Полицијата на Нов Зеланд и цариници запленија 190 килограми кокаин со улична вредност од 25 милиони долари која во Окленд пристигнала со пратка банани.

Во акцијата е уапсен еден маж на возраст од 41 година.

Тоа е досега најголемата заплена на дрога на Нов Зеланд. Полицијата соопшти дека дрогата била наменета за Австралија.