Американската разузнавачка агенција ЦИА заклучила дека саудискиот принц Мохамед бин Салман наредил убиство на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави Вашингтон пост.

ЦИА заклучила врз основа на повеќе извори од разузнавачки служби вклучително и телефонски разговори на Калид бин Салман, брат на принцот и саудискиот амбасадор во САД кои ги имале со Кашоги, за кои биле сведоци луѓе блиски на фамилијата.

Според тие извори, Калид рекол дека Кашоги би требало да отиде во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе документи и му дал уверување дека ќе биде безбеден. Портпаролка на саудиската амбасада во Вашонгтон рекла дека Кашоги и амбасадорот никогаш не разговарале за заминување во Турција и дека извештаите на ЦИА се лажни.