Ирскиот миистер за надворшени работи Сајмон Коувни ги повика британските политичари да го поддржат нацрт договорот на премиерката Тереза Меј за брегзит бидејќи во спротивно, треба а се подготват за хаос при брегзит без договор.
– Треба да направите избор меѓу тој договор и хаотичен брегзот без договор, изјави Коувни.
Меј во средата договори нацрт за договор за напуштање на ЕУ, но е соочена со тешка битка во британскиот Парламент за одобрување на документот. Ако тоа не помине, тогаш Велика Британија може да се најде во ситуација да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година без договорени услови за начинот како да се спроведе тоа.
Еден од најголемите проблеми е границата меѓу членката на ЕУ, Република Ирска и Северна Ирска која ќе ја напушти ЕУ заедно со останатиот дел од Обединетото Кралство.