Активистката за право на поседување оружје Марија Бутина која американските власти ја обвинија дека е руски агент, преговара за „можно решение за случајот“. Тоа го соопштија сојузен обвинител и нејзини адвокати.

Тие го нагласуваат тоа во заеднички документ доставен до суд во Вашингтон што е прв доказ дека 30-годишната активистка или е подготвена да ја признае вината или за некое друго решение што би и ја ублажило евентуалната казна.

Досега нејзините адвокати отфрлаа обвинувања и тврдеа дека таа не е руски агент и бараа отфрлање на случајот.

Марија Бутина беше уапсена летоска и подоцна обвинета за заговор и оти е нерегистриран странски агент. Обвинителите тврдат дека таа за време на претседателскат акампања во 2016 година и по изборот на Трамп за претседател, како покритие за своите активности користела статус на студентка за да влезе во Националната асоцијација за право на оружје и во други политички асоцијации поврзани со Републиканската партија.