Весна ЈАНЕВСКА

На денешен ден пред 80 години е одржано второто заседание на АВНОЈ, кога македонската држава стана составен дел на федеративната Југославија, пишува на својот фејсбук профил професорката Весна Јаневска.

На денешен ден, јас, пак, успеав на социјалните мрежи да го слушнам говорот на Билал Касами во Тетово по повод празникот на албанското знаме, каде што вели дека после Косово може да направат втора албанска држава, Македонија. После повеќе збиднувања кои деновиве беа презентирани на социјалните мрежи човек да се зпраша какво е ова лудило? Зарем не им е јасно каде ги водат своите деца, или Касами свесно решил да ги жртвува? И не само тој. Јетон Шаќири упорни со манипулација на родители и деца решил ширум Македонија вештачки и непотребно да отвора албански паралелки. Не ми пречи децата да учат на мајчин јазик, ама да ги манипулираш и безобразно да ги трошиш ресурсите на државата во која живееш не е објасниво. Зошто? Така се добиваат гласови на избори? Жално е министри ако толку малку ги цените родителите на децата, или пак ако тоа е тргична вистина, која Вие со ништо не се обидовте да ја промените.

Политика сте внеле во училиштата и на мали деца сте им дале да веат знамиња на голема Албанија. Како намерно да сакате да ги подгреете и поткренете меѓуетничките тензии, а ми се чини и успевате во тоа.

Замислете во атарот на црква ставиле албанско знаме. Зошто? Баш би сакала некој да ми објасни зошто? Зошто сакаат втора албанска држава во Македонија после Косово? Во моментов се сеќавам на една реченица на Фрчкоски. Тој прилично одамна ги праша дали по независноста во Косово општеството им стана како американското? Или, им порача дека и да направат уште една албанска држава таа нема да стане Америка. Се извинувам Фрчкоски, ако не сум прецизна но тоа беше суштината. Е сега јас ги прашувам младите Албанци колку им е важно да имаат голема Албанија и ако им е важно зошто им е важно? Ги прашувам дали не им е поважно да се образуваат, чесно да работат и да заработуваат за убав живот? Дали повеќе сакаат да крадат и луѓето да не ги почитуваат, да се плашат од нив, да се однесуваат како мафијашки газди во својата средина, или сакаат да бидат почитувани зради нивното знаење, работа и чесност?

За жал имам впечаток дека албанските партии и нивните функционери (не сите) им испраќаат не лоши туку трагични пораки. Пораки во кои ги стимулираат да грабаат без милост од другите, да живеат секојдневно со криминал, да не почитуваат ништо и никого, материјалното да им е приоритет, а дополнително ги држат во заблуда дека некоја идна (неостварлива) албанска држава во која би живееле би била подобра за нив. Еве Косово е на чекор, подобро е?

Ги молам младите Албанци да помислат што сакаат од Македонија, земјата во која живеат и како тоа можат да го постигнат. Кога одат на запад се воодушевуваат од редот и поредекот (барем повеќето, оние што не се бават со криминал), а овде што сакаат? Ред и поредок или голема Албанија? Препорачувам да го прашаат Еди Рама дали го сака Косово вакво какво што е? Нека се запрашаат кои се нивните потреби и нека се запрашаат зошто таканаречените албански интелектулци, политичари ги сепарираат, изолираат, уценуваат и држат во темна темнина. За чија корист? Нивна или на политичарите и нивните семјства?

Со ден закаснување, на денот на одржувањето на АВНОЈ им го честитам денот на албанското знаме, кое толку многу им значи, но ги потсетувам дека живеат во Македонија, дека учат, се лекуваат, примаат стипендии, многу од нив и плати од данокот што го плаќаме сите ние и дека македонското знаеме е нивно знаме и дека македонската химна е нивна химна. Така е и така ќе биде.

Приказните за Македонија во голема Албанија одамна се застарени. Прашајте си ги пријателите, ако не вие јасно, тие ќе ви објаснат.