Наместо МВР да праќа паушални соопштенија треба веднаш да одговори кога Оливер Спасовски дознал за извршителите на грозоморните убиства и дали криеле и не преземале ништо заради самитот на ОБСЕ? Се случиле две свирепи убиства, сред бел ден возилото со кое била грабнато девојчето било возено низ скопските улици, а ниту МВР, ниту Спасовски не забележале ништо.Спасовски наместо вчера вечер веднаш да излезе и да ја каже вистината пред граѓаните за овој грозоморен чин, прати само едно бледо соопштение и чекаше 24 часа да поминат. Толку ли вреди еден детски човечки живот?
Што сакаше да сокрие Спасовски и зошто реагирале предоцна? Спасовски да каже дали свесно Љупчо Палевски Палчо бил пуштен да избега од државата? Истиот тој Палчо кој сега изврши две свирепи убиства изминатите месеци и години е актуелен на одредени медиуми и се чувствува моќни бидејќи се заштитени и од власта и Спасовски. Директно одговорни за токсичната атмосфера во која доминира таа иста рекетарско криминална дружина се меѓудругото и полициските структури на Спасовски кои им овозможуваа закрила. Доколку Спасовски на време реагираше за говорот на омраза на медиумите кои му даваа простор на самиот Палчо, денеска може немаше да се случи ова. Спасовски нека не се однесува незрело и арогантно. Овој стравичен настан ја потресе македонската јавност и мора да има целосно расветлување на случајот.
Очекувавме наместо демант од МВР, одговори од Спасовски и известување дека си поднел оставка од морални причини бидејќи во негово министерување се случија најголемите криминални пресметки, а резултира и со убиство на 14 годишно дете.Неказнивоста и неажурноста на МВР е една од причините за ова што се случи денеска. Македонија е згрозена. Безбедноста на децата и граѓаните е нарушена.