Додека цел Балкан е потресен од двете свирепи убиства во Македонија, заинтересираноста на соседните земји се повеќе расте.
Колегите од српскиот портал Телеграф.рс веќе два дена се во Македонија откако дознаа за трагедијата која ја крена нашата земја на нозе.
Тие вчера беа на местото каде што беше запален автомобилот со кој е киднапирана Вања, а денеска по погребот на велешанецот Панче Жежовски направија обиколка на неговиот дом.
Преку видеото се гледа дека во куќата е целосен мрак, а запалено е само надворешното светло на терасата.
Тие пишуваат дека соседите за Панче имале само пофални зборови и дека тој бил добар човек и сосед.
Пренесуваат и дека една сосетка им кажала дека долго не работел како фризер и дека влегол во политика.
ВИДЕО/ Инстаграм / Телеграф.рс