Македонија е блокирана на патот на ЕУ. Завојуваната Украина почнува преговори за ЕУ, и тоа е добар чекор кој го поздравивме. Но прашањето е зошто нема преговори со Македонија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна преполни се устите на носителите на власта, СДС и ДУИ како тие создале силни меѓународни конекции и приjaтелства. Ако е така зошто не договорат во текот на гласањето, ако Бугарија е единствената пречка да го напушти состанокот и да нема вето за преговори со Македонија. Фактот што Македонија е блокирана е резултат на слабата меѓународна политика на власта. Тоа што Македонија прифаќа диктати е заради неспособните Ковачевски и Османи. Вистинската причина зошто никој не се заангажирал за Македонија како за Украина и Молдавија се високата корупција и криминал во власта.

Нема меѓународен извештај или странски претставник кој не нотирал за криминалот и корупцијата кои го јадат системот. Македонија може напред, но пред тoа потребни се промени.

Власта мора да се смени. Владата на ВМРО-ДПМНЕ со енергична политика и стратегија за развој ќе ја придвижи државата напред.