Едно лице загина, две деца и жена се тешко повредени, а три лица полесно во верижниот судир кој вчера вечер се случи кај Битола.

Во 18.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Маково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат” со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(41) од с.Долно Агларци, општина Новаци, патничко возило „бмв” со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(29) од Ресен, патничко возило „рено” со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.О.(48) од Битола и товарно возило „даф” со полуприколка со албански национални ознаки, управувано од В.К.(38) од Република Албанија.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот С.Н.(41), а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници во возилото „сеат“ и Д.В.(64) од Ресен, сопатничка во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачите Ј.О., Ј.В. и М.С.Н.(36) од с.Долно Агларци, сопатничка во возилото „сеат“, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Битола.