КАДЕ Е ВЕТЕНИОТ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ЗА МЕЏИТЛИЈА И КОЛКУ ЧИНИ ЕДЕН ЧАС ИСКОП ВО РЕК ? Господине самоименуван премиер, граѓаните на Битола наместо добредојде, сакаат да ви постават неколку прашања, за да го искористат вашето доаѓање.
Прашањата се многу и секој ден се отвораат нови, а комуникацијата со вас и власта што ја предводите речиси невозможна.
Така велат граѓаните и прашуваат од каде ја црпите дрскоста и ароганцијата и доаѓате без срам и перде во Битола.Знаете ли, дека деновиве Битола е еден од најзагадените градови во Македонија? Кога ќе го реализирате повеќепати даденото ветување за санација на филтрите во РЕК Битола?
Господине Ковачевски, дали имате податоци за ископот во РЕК Битола?Колку чини еден час ископ на вашите “омилени фирми”?
Каков е вашиот став како премиер, во однос на барањата на пензионерите?Дали знаете, дека се повеќе здравствени услуги, ние како граѓани на Битола, бараме во соседните општини, а од нашиот Клинички центар, оние што вие ги поставувате направија провинцијална болница?
Дали знаете, дека покрај немањето учебници, вашата власт и вашиот министер прават огромна штета на воспитно – образовниот процес, па така со вашите кадри се соочуваме со бојкот на наставата и нарушени меѓучовечки односи?
Треба да им одговорите на граѓаните каде ви е ветениот експресен пат за Меџитлија ?
Граѓаните прашуваат која инвестиција ја излобиравте за Битола? Уште еднаш, битолчани бараат да им одговорите што ќе преземете против криминалот и корупцијата, кои секојдневно се последица на вашето очајно лошо владеење?
Или партиското МВР се занимава со “хајки на политички неистомисленици”? Ова се вашите избројани премиерски денови, бидете чесни пред граѓаните и ако не одговарате јавно обидете се пред вашата совест да ги најдете одговорите.
Битола и битолчани секогаш знаат точно да препознаат кој им е сојузник, а со кого наместо живот добија најнизок животен стандард, најскапа струја, храна, најскап огрев, најскапи горива, најскапи лекови.
https://www.facebook.com/Vmrobitola/videos/1394437688123521/