Ќе се отстранува крстот на Попова Шапка (Кодра е диелит) најави првиот човек на Општинскиот инспекторат во Општина Тетово, Садат Сулејмани.

Тој вели дека има одлука да се урне крстот заедно со 5.000 други објекти, без да прецизира кога.

Оваа информација, како што пренесува порталот Експрес, ја објави ТВ 21.

Крстот на Попова Шапка беше поставен на 16 ноември на имот на манастирот Св. Наум“. Како што соопштија од Општина Тетово, „иако е поставен без дозвола, постојат можности да се легализира“.

Пред два дена, како што наведува Експрес, уследија нови реакции на Албанците, откако беше поставен православен крст во една населба во Куманово.

„Немојте да нè провоцирате со овие крстови“, гласеше една од тие реакции, кои ги пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

ИНА објави:

„Џиновски крст е поставен на влезот на пазарот за стари работи во населбата Коњаре во Куманово. Веста беше споделена со различни коментари од граѓаните. Реагираше и поранешниот војник на УЧК Дритон Исени преку фејсбук: Немојте да провоцирате со овие крстови! На погрешна адреса го правите тоа, и 50 нема да не спречат“.

На поставувањето на крстот се огласи и поранешниот општински советник Осама Муадини:

„Кој и каква потреба имаше да се постави овој крст?! На кој имот и со чија дозвола е поставен овој крст? Дали Општината дала дозвола за тоа и со чии пари е поставен тој?“