Министрите за одбрана на 25 земји членки се согласија да формираат европска разузнавачка школа, заедно со уште неколку проекти, со цел зајакнување на европскиот одранбен капацитет.
Пред неколку дена, францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека Европа треба да има своја војска и да биде подготвена да се одбрани од големите сили како Русија, САД и Кина.
“Заедничката европска разузнавачка школа во соработка со земјите членки, НАТО, разузнавачките и безбедносните сили, ќе обезбеди едукација и обука во разузнавачките дисциплини и други области специфични за разузнавачкиот персонал на земјите членки на ЕУ“, стои во документот усвоен вчера.
Академијата ќе ја води Грција заедно со Кипар.
Разузнавачката школа е еден од шеснаесетте проекти на воениот пакт на ЕУ. Во него не учествуваат Велика Британија, Малта и Данска.
Другите проекти се однесуваат на области како на пример создавање нова генерација на дронови до 2025, или пак кибербезбедност.