Спасувачите во градот Рафа, на југот на Газа, извлекоа бебе од урнатините по израелски воздушен напад.
Луѓето со раце ја ископале Маријам Абу Акел од под урнатините, пред спасувачот да истрча со неа во блиската болница, јавува Би-Би-Си.
Докторите таму ги лекувале нејзините исеченици.
Бебето било дома со своето семејство кога се случил нападот, при што загинале нејзината мајка и сестра, објави Ројтерс. Нејзиниот татко и помалиот брат преживеале.
Во истиот воздушен напад загинале 20 лица, а 55 се повредени – изјави портпаролот на Министерството за здравство кое го раководи Хамас.
Повеќе од 21.500 луѓе – главно деца и жени – се убиени за време на одмаздничките напади на Израел врз Газа, според Министерството за здравство на Хамас, пренесува Би-Би-Си. Се верува дека уште илјадници луѓе се под урнатините на зградите уништени од воздушни и артилериски напади.