Пропаднала селекцијата на кандидатите за инженерскиот дел во Контролата на летање во М-НАВ, зашто кандидатите кои поминале на контроверзните огласи за инженерскиот дел, избегале од тестовите за селекција, објави порталот СДК.

Поради тоа, како што пишува порталот, синоќа оставки на раководните инструкторски места си поднеле сите инженери, а нивниот најголем поддржувач и прв потпишан на известувањето, е еден од тројцата директори на М-НАВ Љубе Стаменковски.

„Ова е првпат директор, член на Управниот одбор (УО) на М-НАВ, да застане на страната на синдикат во М-НАВ, во која Агенција во сопственост на Владата, односно државата, последниве две години контролорите и техничкиот дел се борат со самоволие на раководството предводено од главниот директор Фахрудин Хамиди, главно околу вработување на партиски и роднински нестручни кадри преку сомнителни огласи“, пишува СДК.

Во четвртокот, стручниот колегиум на воздухопловна техника го известил Управниот директор на М-НАВ составен од директорите Фахрудин Хамиди, Хаakсим Деари и Љубе Стаменковски дека пропаднала селекцијата на кандидатите кои биле избрани набрзина на последниот оглас распишан пред две недели, за местата 5 инженери и двајца техничари.

Претходно, раководните авторитети во воздухопловна техника срочиле прашања за основни предзнаења на кандидатите, за да видат кој од нив може понатаму да ја продолжи обуката, односно да биде вработен. По овие интервјуа, требало да спроведат и усно интервју со секој од кандидатите, за согласно условите во огласот, да се изберат тие со најдобрите резултати за вработување во сфера од која најдиректно зависи безбедноста на авиосообраќајот.

Кога ги виделе прашањата, кандидатите рекле „Ние ова не го знаеме!“, по што се договориле да не ги одговараат.

Целиот текст на СДК може да го отворите ТУКА.