Уапсен контроверзниот духовен водач на Непал познат како „Детето Буда“ поради сексуално злоставување малолетнички.
Контроверзниот духовен водач на Непал, познат како „Детето Буда“, е уапсен под обвинение дека сексуално злоставувал малолетничка и дека учествувал во исчезнувањето на најмалку четворица следбеници од неговите кампови, соопшти денеска непалската полиција.
Многумина Непалци веруваат дека Рам Бахадур Бамџан е реинкарнација на Буда, кој е роден во југозападен Непал пред 2.600 години, додека будистичките научници се скептични за тврдењата на Бамџан.
Полицијата денеска го донесе пред медиумите со лисици на рацете и рече дека се обидел да побегне, скокајќи од прозорецот на вториот кат кога полицајците дошле да го уапсат, но не успеал и бил приведен.
Официјалните лица покажаа и куп непалски валути за која рекоа дека се во противвредност 227.000 американски долари, како и други странски валути во износ од 23.000 американски долари, кои беа запленети од домот на Бамџан во моментот на апсењето.
Се очекува Бамџан да биде изведен на суд во јужниот дел на Непал, каде се случија наводните злосторства. Бамџан, кого следбениците го нарекоа „Момчето Буда“, стана познат во јужен Непал во 2005 година кога многумина поверуваа дека тој е способен да медитира со месеци без да се движи додека седи под дрво без храна и вода