Интерпол го избра Јужнокореецот Ким Џонг-јанг за свој претседател со што беше отфрлена кандидатурата на рускиот фаворит за таа функција.
Два кандидата беа во трка за мандатот што трае четири години – Јужнокореецеот Ким и поранешниот руски висок функционер Александар Прокупчук.
Ким за претседател го избраа денеска државите членки на Интерпол на годишното собрание што се одржува во Дубаи.
Прокупчук (57) се сметаше за фаворит за таа функција, роден е во Украина, и ветеран од руското МНР. Во 2016 година беше избран за потпретседтаел на Интерпол.