ХУП Скоп со кој се мери напредокот односнo резултатите од реформи во 12 подрачја склучни за подобро работење во Хрватска, за 2018 година е 37 бодови, што е за еден бод помалку од минатата година. Тоа е истакнато на претставувањето на тој индекс во Хрватското здружение на работодавачи (ХУП).

– Тој показател покажува дека остануваме на дното на Eвропската унија, ние сме најлоша членка, изјави Гордана Дерања, претседаtел на ХУП.

Таа додаде дека нема  силен ефект врз економијата ако реформите доаѓаат само од Министерството за финансии.

Најмногу напредок има кај фискалната консолидација, продуктивноста и конкурентноста. Најголема негативна промена е пад на инвестициските и бизнис бариери – од 35 бодови во 2017 година на 23 во 2018 година.