Меѓуанародна група за помош проценува дека 85.000 деца помлади од пет години веројатно ги загубиле животите од глад и болести од почетокот на граѓанската војна во Јемен во 2015 година.

Од органзиацијата Save the Children соопштија дека „конзервативната“ проценка е врз база на просечна стапка на смртност од тешка неухранетост за која ОН наведуваат дека погодила повеќе од 1,3 милиони деца од 2015 година откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија води војна против Хутите во Јемен.

– За секое дете убиено со бомби и кршуми, десетици умираат од глад и тоа може да се спречи, вели Тамер Киролос, директор на огранок на таа организација. Војната и блокадата од Саудиска Арабија создадоа најлоша хуманитарна криза во светот, со повеќе од осум милиони луѓе соочени со ризик од глад.