Фарските Острови не престануваат да ја воодушевуваат ракометната јавност. Во првиот натпревар малата островска држава ја намачи Словенија, која на крајот ја совлада со три голови разлика, 32:29.

Но, вечерва ја направија најголемата сензација досега во ракометот со освојување бод против секогаш силните Норвежани.

Во првото полувреме се истакна младото лево крило Оли Митун. Покрај тоа, голема поддршка дадоа и навивачите на Фарските Острови. Дури 5.000 навивачи ја исполнија Мерцедес-Бенц Арената во Берлин. Ова е речиси 10% од нацијата бидејќи на Фарските Острови живеат 52.000 луѓе.

Вжештената атмосфера, расположениот пивот Расмусен и Митун придонесоа во првото полувреме Фарски Острови да се држат во чекор со Норвежаните и да губат со минимални 13:12. Фарските Острови продолжија да играат добро и ги мачеа Норвежаните и во второто полуреме, постојано израмнувајќи го минималното водство на Норвешка.

Сепак, Норвешка успеа да се одлепи на +3 разлика, а тоа го овозможи одличниот голман Торбјорн Ситруп Бергеруд со три одбрани во периодот од 53. до 57. минута. Фарските Острови и тогаш не се предадоа и ја шокираа светската јавност со серија од 3-0 во последните секунди, израмнувајќи на конечни 26:26.

Имено, во последните пет секунди од играта, Фарските Острови губеа со два гола разлика. Постигнаа гол, а останаа уште 11 секунди. Заихраа пресинг, ја одзедоа топката, Скипаготу беше повлечен за дресот и тоа беше пенал за Фарските Острови што тие го реализираа за нов шок на ЕП во Германија, кој дури и го надмина успехот на Хрватска против Шпанија со 10 голови разлика.

Кај Норвешка најдобри беа Александар Блонц со 8 и Горан Согард Јоханесен со 6 погодоци. Ниту расположениот Бергеруд не им помогна со 14 одбрани. Фарските Острови ги предводеа Теис Хорн Расмусен и херојот Елиас Елефсен, а Скипагота, двајцата со по 5 гола.