Димитар Ковачевски не смее збор да изусти за тоа што Груби, Османи и половина влада вработувале семејства во М-НАВ, изјави на денешната прес конференција Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:
-Ковачевски не е портпарол кога станува збор за бандитизмот, Ковачевски е портпарол само кога ќе му дошепне Али Ахмети.
Уште пострашно, Љупчо Николовски, министер со цело семејно стебло вработено во М-НАВ, не му било гајле за ставот на премиерот!
Ќе ве замолам да погледнеме едно кусо видео.
Почитувани,
· Бујар Османи вработил сестра;
· Артан Груби – снаа;
· Ејуп Алими, екс пратеник од ДУИ – две снаи и син;
· Беким Незири, притворен како предводник на групата тепачи во М-НАВ вработил внук;
· Љупчо Николовски во М-НАВ има чичко, братучед, а Телма објави и за внук.
Ама Ковачевски не смее глас да пушти, не бил портпарол.
Почитувани,
Ова е шемата по која што функционира лажниот европски фронт.
Министри вработувале по два-тројца роднини во М-НАВ, а потоа „не им е гајле“ што мисли премиер.
Ковачевски не смее збор да каже за министри и функционери на ДУИ дури и кога тепаат во контролна кула за летање.
СДС и ДУИ не може да се европски фронт, затоа што тоа е коалиција на бандитизмот!
Ова е класичен бандитизам со којшто функциите губат значење.
Ваков бандитизам прави на народот да му се гади и затоа велиме никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме!, изтакна Стоилковски.