Џулиус Анијаву Уче е обвинет по десет точки според Законот за кибер криминал, откако испратил лажни електронски пораки во кои барал пари за хуманитарни програми, и лажно ги потпишувал како Ајша Бухари, сопруга на нигерискиот претседател Мухамаду Бухари.

Тој пред високиот сојузен суд во Лагос се изјасни дека не е виновен, по што му беше одреден притвор до новото рочиште закажано за 18 јануари.

Една студија која минатата година заедно ја спровеле Интерпол и компанијата Тренд микро за активностите во кибер криминалот во Западна Африка, а посебно во Нигерија, покажа голем пораст на бројот на жртви на измами преку Интернет од 132 проценти меѓу 2013 и 2015 година.