„Ние ќе имаме над 61 пратеник и тие над 61 пратеника ќе ја формираат новата проевропска влада на 8-ми мај. Оваа коалиција која што ја гледате, СДСМ има свои коалициони партнери меѓутоа имаме и коалициони парнери со кои што ја формираме владата, таа коалиција ќе има над 61 пратеник, можеби и над 70 пратеници. Бидејќи мандатот на крај го добива владината коалиција, тие кои формираат влада,“ посочи премиерот во оставка, Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, на прашањето колку пратеници очекува СДСМ на престојните парламентарни избори.

Во однос на тоа дали има одлука дали СДСМ сам ќе оди на избори, Ковачевски посочи дека коалиции се прават врз основа на вредности, се прават врз осова на визија и се прават врз основа на програми, дали коалицијата ќе биде од традиционалните партнери коалициски со кои што СДСМ оди на избори или ќе се работи за една поширока коалција зависи од анализите и во однос на усогласување на програмските определби и секако на кадровската понуда.

„Едно е факт дека визијата за европска Македонија ја делиме сите кои што сме во оваа владина коалиција, тоа е голема коалциија, оваа коалиција има многу јасен став во однос на тоа каде треба да биде РСМ до 2030 година и како. Ние знаеме дека до 2030 година нашата држава ќе биде земја членка на ЕУ, исто како што знаевме дека државата ќе биде земја членка на НАТО. Од друга страна имате коалција или политички партии кои што не само што не нудат ништо туку тие велат дека може да се случи и 100 години да влеземе во ЕУ па можеби и никогаш, ова се зборови на претседателот на опозицијата кажано на телевизиско интервју,“ рече Ковачевски.

Ковачевски се осврна на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кои не направија ништо ниту на НАТО агендата ниту на европската интеграција.