ПУСТОШ И ГРДИ СПОМЕНИЦИ И ВО ВЕЛЕШКОТО ЗДРАВСТВО – ЗАПУСТЕНА ИНФРАСТРУКТУРА,НЕДОСТИГ НА КАДАР И ОСНОВНИ МАТЕРИЈАЛИ
-Во Болницата во Велес која вчера ја посети министерот за здравство, Фатмир Меџити недостасуваат анестезиолози и за тоа не се кажа ни збор освен што истиот Меџити се сликаше за набавен апарат токму на овој оддел
-Нема централен довод за кислород во Болницата во Велес, проблем со кој се соочуваат и други болници
– Во најлоша состојба е инфективното одделение кое не е реновирано од кога е направено и кое работи само амбулантски поради немање кадар
– Модуларната болница е запуштена и во катастрофална состојба
– На рентген нема нитуеден доктор
– Закочен и доцни тендерот на хирургија, па заради недостиг на материјали и наједноставни случаи се праќаат во Скопје
– Ни во Болницата во Велес не се преземени суштински подобрувања,нема основни материјали, недостигот на кадар, запуштена инфраструктура е уште еден показател за пустошот и во здравството во Велес
*На фотографите е прикажана состојбата на инфективното одделение, состојбата на модуларната болница и пералните кои во моментов се нефункционални
Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ