Хирургот на Универзитетска клиника за неврохирургија, Ѓорги Петрески дава само еден пример зошто од Македонија медицинскиот персонал заминува на работа во странство. Своето искуство од последното дежурство го споделува на ФБ и објавува:

„Знаете што е понижување на медицински персонал?

Знаете зошто ќе не лекува Цацко за 5 години?
Ако се запрашувате како не третираат?
Еве вака:
– Дежурен цела ноќ (од 20-08 часот)
– Кралица на медицината била хирургија, а титулата ја добила по тежина на пациентите и негата околу нив од нас професионалците што треба да им ја дадеме. И да, така е. Еве јас имам 28 пациенти тешки, исклучително тешки,
денес оперирани, од интензивна излезени, а веќе имам два итни приема од другите градови затоа што ние ја покриваме цела држава, буквално цела.

-Е сега да ја видиме нашата вечера и колку тоа се грижат за нас кои треба да се грижиме за сите вас и вашите блиски.

Еве ова е таа една ама високо калорична кифла од 8 сантиметри со наградна игра внатре во неа, а се вика “најди го сиренцето” (јас имам среќа, па неколку пати го имам најдено, навистина има урда внатре, верувајте ми со свои очи ја имам видено).

Германијооо чекај не , утре уште еден автобус со медицински персонал тргнува натаму, и така секој ден по еден …

Уште Бугарите во Устав и доаѓаме Европо!“, саркастично порачува неврохиругот.

Инаку, кифлата чија фотографија ја споделува, ја добиваат и пациентите. Така што и едните и другите споделуваат иста мака!