Најстариот преживеан американски ветеран од јапонскиот напад врз Перл Харбур, по кој САД влегоа во Втората светска војна, почина во Калифорнија.

Реј Чавез (106) починал синоќа во Повеј, близу Сан Диего.

Тој редовно посетувал комеморативни свечености во САД, а оваа година бил и во Белата куќа.

Бомбардирањето на Перл Харбур беше на 7 декември 1941 година и во него загинаа 2.390 Американци. Следниот ден САД и објавија војна на Јапонија.