Ковачевски губи па е нервозен, за слабиот рејтинг виновни му се амбасадорите, анкетарите и телевизиите, само не и тој самиот, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Нема релевантна анкета домашна или меѓународна на која СДС не губи 2 или 3 спрема 1 од однос на ВМРО-ДПМНЕ.

Седум години СДС и ДУИ владеат со криминал и корупција, ја задолжија државата и 600.000 народ заради нив живее во сиромаштија.

Рејтингот на СДС паѓа и уште ќе паѓа, а тој на Ковачевски секако не е мрднат од нула ниту ќе мрдни.

СДС и Ковачевски си заминуваат од власт. Македонија наскоро ја затвора најлошата страница од својата историја. Никогаш не беше полошо. Важно е да ги поразиме, вели ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција.

Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа во врска со најновата анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) која беше презентирана во вторникот на МРТ 1, а според која ВМРО-ДПМНЕ е во речиси двојна предност пред СДСМ во втората и во шестата изборна единица, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вели дека е направена од Институт што е близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што го гледаме сега на МТВ е анкета што е преземена од еден Институт што е близок на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, тоа сите го знаеме историски. И МТВ всушност само нè потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година. Така што, ова прашање можеби треба да го поставите и до господинот Гир, до американската амбасадорка, до холандскиот амбасадор бидејќи тие многу често коментираат во однос на демократијата, слободата на медиумите, начинот на известувањето итн. Јас ви кажувам дека ова комплетно може да ги потсети сите како изгледаа медиумите до 2016 година“, рече Ковачевски