Најголем дел од испитаниците во анкетата што ја нарача „Солуција“, а ја спроведе агенцијата Проспект М, сметаат дека Владата треба да “падне“ и дека оваа владејачка гарнитура не заслужува уште еден мандат.
На прашањето „Колку се согласувате дека актуелната влада заслужува повторно да биде избрана на следните избори“ повеќе од половината испитаници, 54,4% одговориле дека воопшто не се согласуваат.
Кога на овие ќе се додадат и 18,7% што донекаде не се согласуваат, излегува дека вкупно 73,1% од граѓаните сметаат дека актуелната владејачка гарнитура не заслужува уште еден мандат.
Само 5,4% целосно се согласуваат со тоа дека треба да ѝ се даде шанса и уште 16,9% донекаде се согласуваат.