Американската компанија „Мета платформи“ ги отстрани профилите на Инстаграм и Фејсбук на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, по критиките за неговата поддршка за Хамас.
Мета, како што пренесува Ал Џезира, не наведе конкретна причина за потегот, но рече дека налозите се отстранети поради „повторено кршење на нашите правила за опасни организации и поединци“.
„Не дозволуваме организации или поединци кои прокламираат насилна мисија или се вклучени во насилство да бидат присутни на нашите платформи“, се вели во соопштението.
фото: архива