ЈП ВОДОВОД: Утре од 17 часот цело Скопје ќе остане без вода за пиење или со намален интензитет, поради дефект во Рашче

/ 10.02.2024

Цело Скопје и околината од утре попладне во 17.00 часот ќе остане со намален интензитет или без вода за пиење, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

На ден 11.02.2024 година (недела) од 17:00 часот поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, намален притисок или прекин на водоснабдување ќе имаат следните населени места:

– Арнакија

– Сарај

– Глумово

– Горна Матка

– Долна Матка

– Ѓорче Петров

– Влае

– Карпош

– Жданец

– Нерези

– Центар

– Клинички Центар

– Кисела Вода

– Усје

– Пинтија

– Драчево

– Батинци

– Студеничани

– Моране

– Дел од Гази Баба

– Чаир

– Скопје Север

– Топаанско Поле

– Автокоманда и

– Аеродром

Извор: ТВ Канал 5


Од истата категорија