Возило ноќеска е опожарено на ул. „Јуриј Гагарин“ брј 56 во скопската населба Козле.
Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје информираа дека интервенирале со едно возило и со четири пожарникари, а интервенцијата траела од два до три часот.
Материјалната штета се проценува на околу 600 илјади денари.