Во досега необјавено интервју, неодамна починатиот руски опозиционер Алексеј Навални ги напаѓа „корумпираните функционери“ кои живеат во Лондон и му помагаат на режимот на Владимир Путин да ги скрие валканите пари.
Во интервјуто до кое дојде Скај њуз Навални зборува за неговата надеж за подобра иднина на својата земја и за ризиците за кои знаел дека ги презема.
Интервјуто е направено во февруари 2020 година и се верува дека е едно од последните што ги дал Навални додека бил целосно здрав.
Во опширното интервју се зборува за неговите надежи за иднината на Русија како дел од Европа, за неговата лична безбедност, но и за однесувањето на Британија и Западот, кои им овозможуваат на соработниците на Путин да се извлечат со тоа.
-Западот воопшто не прави ништо, би рекол. Има некои ритуални танци, но всушност ништо не се случува. Зошто корумпираните службеници сè уште живеат во Лондон? Затоа што овие корумпирани функционери хранат огромен број прекрасни лондонски адвокати, вели Навални.
„Овие луѓе ќе изгледаат многу цивилизирано, ќе бидеме среќни да разговараме со нив ако седнат до нас, ќе носат вратоврска и ќе се однесуваат добро, а во исто време им служат на интересите на ултимативни, целосни бандити“, додаде тој.
Во досега невидено интервју, Навални зборува за сопствените очекувања и надежи. „Русија е европска земја, сите луѓе што живеат тука сакаат да живеат како Европа. Затоа се надевам дека за 10 години, ако повторно ме интервјуирате, ќе можам да ви кажам како успеавме да го надминеме корумпираното перење пари. “, нагласи тој.
Интервјуто, кое го објави Ска њуз, е снимено како дел од неприкажаната документарна серија After The Fall, во режија на Метју Торн и продуцирана од Ендрју Данкан.
Алексеј Навални организираше протести во 2011 и 2012 година во Русија и работеше против изборната измама и владината корупција истражувајќи го внатрешниот круг на Путин и споделувајќи ги наодите во видеата кои собраа стотици милиони прегледи.
Тој беше осуден на 19 години затвор во август минатата година, откако беше прогласен за виновен за создавање екстремистичка заедница, финансирање екстремистички активности и многу други злосторства. Тој веќе одлежа 11 и пол години во затвор со максимална безбедност за измама и други обвиненија, што тој ги негираше.