Професорката Гордана Силјановска Давкова која е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател во Тетово вечерва беше пречекана со ѕвездено небо.
Професорката беше дочекана со огномет пред регионалниот изборен штаб во центарот на Тетово каде што таа беше поканета од локалното членство на ВМРО-ДПМНЕ.
Нужни се темелни промени, новата власт мора да биде реформски настроена!
Кога претседател кој мора да ги штити државните интереси прво вели дека не ја видел преговарачката рамка, а во меѓувреме обзнанува дека учествувал во нејзината изработка имаме проблем со отсуство на одговорност. Шефот на државата, пред сè друго, мора да ги брани националните приоритети и да не заборава дека суверенитетот извира од граѓаните.
Не смее да се заборави дека легитимитетот на шефот на државата извира директно од граѓанинот како носител на суверенитетот. Кога се избира претседател има шанса личноста на претседателот да обедини и други луѓе кои нема да гласаат за партијата од идеолошки или од други причини.
Секој што претендира на претседателска позиција мора да има на ум дека треба да обединува, а не да разединува”, порачала Силјановска во Тетово.