Бугарскиот премиер Николај Денков вчера соопшти дека поднел оставка од премиерската функција, како и дека таа веќе е доставена до Народното собрание.
Се очекува пратениците да расправаат за предлог-одлука за прифаќање на оставката на премиерот.
Со тоа, согласно договорот од минатогодишните избори, Денков ќе го наследи неговиот коалиционен партнер од централно десничарската партија ГЕРБ ќе ја води Владата.
– Ова не е политичка игра, ова е почитување на даден збор, тоа е израз на доследност, политички фер-плеј и почит кон граѓаните. Денеска ја исполнувам обврската што ја презедовме со заедничката декларација на 6 јуни 2023 година, изјавил Денков.