Се откажува ли Али Ахмети од условот претседател на државата да се бира во Собрание, за да поддржи некој од кандидатите за претседател во 2 круг или пак меѓу претседателскиот кандидат Бујар Османи и лидерот Али Ахмети има разногласие? Откако Христијан Мицкоски и Димитра Ковачевски го отфрлија батрањето на Ахемти, неговиот претседателски кандидат и потпретсеадтел Бујар Османи во интервју за Телма, условите кој неговиот лидер Ахемти го кажа вели дека се идеја .
Османи за ТВ 24 денска само кусо вели дека целта му била да ја објасни идејата што ја пласирал неговиот лидер.
За разлика од Османи, од Мала Речица денеска дедцидни – условот кој што го кажал нивниот лидер останува.
Доколку нашиот претседателски кандидат не влезе во вториот круг, за некој од останатите кандидати да ја добие нашата поддршка условите се јасни и нив ги соопшти и претседателот Ахмети – уставни измени за влез на Бугарите во Уставот и за избор на претседател на државата во Собрание. Во спротивно, можно е да нема цензус, вели за ТВ 24 висок партиски функционер
Последен пат јавно ДУИ ја кажа уцената минатата недела