Денес младите сме собрани тука пред Владата на Република Македонија, на симболичен, но мошне загрижувачки и сериозен начин да го изразиме нашиот револт од црното владеење на Владата на Република Македонија, истакна Јован Јаулески, в.д. претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните и младите го живеат најцрното време. Црн период на неисполнети ветувања, големи очекувања и уште поголеми разочарувања. Период во кој вестите се исполнети со криминал кој не се разрешува, со непотизам кој се оправдува, со црно здравство, руинирано образование и неисполнети ветувања. Нема ниту еден проекти, не се градат студентски домови, не се намалува младинската невработеност, а нема ниту зрак светлина за младите во ова црно владеење, истакна Јаулески и додаде:

„Тоа мора и може да биде поинаку. За тоа да биде поинаку потребно е оваа црна власт да падне. Ги повикуваме сите младите да ни се приклучат, да се обединиме бидејќи ова е наша заедничка битка, за нашата, за вашата заедничката иднина. Затоа на симбочен начин ги пуштаме овие црни балони, за да ја означиме црнилата која владее во Република Македонија исто како овие црни балони и оваа власт набрзо ќе си замине“.