Уапсен е поранешен инженер во Гугл, украл деловни тајни за вештачка интелигенција

/ 07.03.2024

Соединетите Американски Држави обвинија поранешен софтверски инженер на Google за кражба на повеќе од 500 доверливи датотеки за развојот на вештачката интелигенција (АИ), тврдејќи дека обвинетиот работел тајно за две кинески компании.

Кинескиот државјанин Линвеи Динг, познат и како Леон Динг, е уапсен вчера и се соочува со 10 години затвор и парична казна од 25.000 долари по секое од четирите обвиненија, јавува Би-Би-Си.

Обвинетиот наводно украл информации од центрите за податоци на суперкомпјутерот на Google кои се користат за обука на големи модели со вештачка интелигенција.

„Министерството за правда нема да толерира кражба на вештачка интелигенција и други напредни технологии кои би можеле да ја загрозат нашата национална безбедност“, се вели во соопштението на американскиот државен обвинител Мерик Гарланд, пренесува Си-Ен-Ен.

Обвинителите тврдат дека Динг помогнал да се развие софтвер кој бил распореден во центрите за податоци на Google и дека поради природата на неговата работа, тој имал пристап до „хардверската инфраструктура, софтверската платформа и поддржаните модели и апликации за вештачка интелигенција“ на Google.

Неколку месеци откако Динг наводно почнал да ги копира датотеките на Google, му била понудена улога како главен технолошки директор во „технолошка компанија во рана фаза“ со седиште во Кина, а обвинетиот поминал извесно време во земјата.

Динг презеде чекори за да ги прикрие своите активности во Кина, а подоцна основал своја технолошка компанија која се пофалила со искуство со високата компјутерска платформа на Google.

-По истрагата утврдивме дека овој вработен украл бројни документи и случајот брзо го проследивме до органите на прогонот, изјави портпаролот на Google, Хозе Кастањеда.


Од истата категорија