Во рамки на дводневните протести во Франција против високите цени на горивата (во интервју за Гардијан една од водачите вели дека Французите „дошле на црвено“ и дека „веќе имаат проблем и да се прехранат“) при што има стотици повредени и приведени, некои од демонстрантите го заѕидаа влезот во резиденцијата на претседателот Макрон. Донесоа цигли, замешаа малтер и … толку. Видеото најдобро го илустрира тоа.