Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјавил денеска дека жали заради заминувањето на Велика Британија од ЕУ, откако стана јасно дека договор за Брегзит е постигнат. Тој смета дека станува збор за „тмурна недела“.
Без оглед на тоа коллу добро е организиран, разводот е сепак развод, додал Орбан.
Според него, со заминувањето на Британија, од ЕУ си заминува и голема сум пари.
Според беградска Политика, Орбан истакнал дека ЕУ сноси одговорност за Брегзит и дека доколку Британија останала во ЕУ, Унгарија би добивала повеќе средства од европските фоднови во иднина.
„Загубата што ја трпи ЕУ може да се измери и во пари, покрај политичките и економските загуби“, навел унгарскиот премиер.
Според него, В. Британија би останала во ЕУ доколку земјите од западна Европа не ги отвориле ширум своите граници за мигрантите, пренесува српската агенција Бета,
Инаку, „Тмурна недела“ е позната унгарска песна која во 1933 година ја напишал Резо Шерес.