Изборен предмет по македонски јазик и култура е воведен на кинескиот Универзитет за економија и право, а целта е студентите да бидат запознати со богатата култура, јазикот, традициите и културното наследство на Македонија.

Предметот македонски јазик и култура, како што објави Слободен печат, го предава професорката Фросина Виткоска од Факултетот за странски јазици.

Преку овој курс студентите ќе стекнат подлабоко разбирање за основите на македонскиот јазик, граматиката, вокабуларот и разговорните вештини, како и запознавање со македонските обичаии, традиции и уметничките манифестации.