Колку ли злоба и неискреност има во СДС, кои дрско се обидуваат да кажат дека има некакви бизниси со водата што Владата бесплатно ја дели на гостиварчани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Талогот во СДС мислел што да искреира, каква лага да лиферува, па измислил дека Владата прави бизнис со компанијата „Кожувчанка“. Но, вистината е дека Владата на тендер ја избира компанијата која, по двојно поевтина цена од пазарната, од само 12,5 денари за литар и пол вода, ѝ ја продава на Владата, што е одлука поради нејзината определба да биде општествено одговорна и да не заработува од кризата во Гостивар. Очигледно само на валкан профит мисли талогот од СДС и се обиде да направи скандал таму каде што е чисто како солза. Ова е тоа мочуриште од кое произлезе предавничкиот талог од СДС, поради што ја нема довербата од граѓаните, посочуваат од владејачката партија.