Листата наречена „Список недружественных стран“ е листа на држави водена од руската влада за кои смета дека „вршат непријателски дејствија против Русија, руските компании и граѓани“.
Државите што се на списокот подлежат на одредени ограничувања поврзани со нивните односи со Русија, вклучувајќи трговски и монетарни ограничувања и персонални ограничувања во дипломатските мисии на наведените земји во Русија.
Списокот прв пат беше објавен во мај 2021 година и се состоеше само од САД и Чешка. По почетокот на специјалната воена операција во Украина на 24 февруари 2022 година и меѓународните санкции наметнати против Русија, списокот оттогаш е проширен на дури 48 држави и еден сојуз. Сите земји-членки на Г7 и сите 27 земји-членки на Европската Унија се на листата.
На спиското државите се поредени по забучен ред:
Австралија
Австрија
Албанија
Андора
Бахами
Белгија
Бугарија
Германија
Грција
Данска
Естонија
Ирска
Исланд
Италија
Јапонија
Јужна Кореја
Канада
Кипар
Латвија
Литванија
Лихтенштајн
Луксембург
Македонија
Малта
Микронезија
Монако
Норвешка
Обединето Кралство
Полска
Португалија
Романија
САД
Сан Марино
Сингапур
Словачка
Словенија
Тајван
Украина
Унгарија
Финска
Франција
Холандија
Хрватска
Црна гора
Чешка
Швајцарија
Шведска
Шпанија
Европска Унија
Русија не го признава Тајван како независна држава и го смета за дел од Кина, но му воведе санкции. Косово, пак, исто не го смета за држава, но не му воведе реципроцитетни санкции, барем не официјално.
Од државите во Европа само Босна и Херцеговина, Србија, Молдавија, Белорусија, Турција, Грузија, Ерменија и Азербејџан не се на списокот.
Воедно, Турција во моментов е единствената членка на НАТО што не е на списокот.
Ниту една држава од Африка и Јужна Америка не се на списокот.