Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на празникот Младенци во посета на црквата „Св.40 маченици“, каде како што објави на Фејсбук, бил со негови партиски колеги.
„Денес, заедно со пратеникот Бојан Стојаноски и Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски ја посетивме црквата Св. “40 маченици” во село Орман-Ѓорче Петров, каде денес се одбележува и празнува големиот христијански празник Светите 40 маченици – Младенци.
Празникот Младенци се прославува во чест на младоста, љубовта и бракот.
Денешниот празник поминете го во добро здравје, љубов и среќа.
За многу години Младенци“, стои во неговиот пост на Фејсбук.