Денеска е денот каде што треба да се сплотиме, да донесеме заеднички патриотизам и да дојде времето на промени. Време е да ја направиме Македонија повторно горда. За таа цел ве поканувам денеска да дојдете на големиот митинг во 20:00 часот, пред платото на Владата на Македонија, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
Заедно сите, сплотени и обединети да кажеме доста е од разнебитувањето и уништувањето на Македонија. Заедно да кажеме дека е време за промени, просперитет и напредок на Македонија.
Заедно сите да дадеме голема поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова, новата претседателка на Македонија!
Да живее Македонија!
Се гледаме вечер!, пишува Мисајловски во својата објава.