Три лица загинаа во поплавите во градот Орск во областа Оренбург во Русија, соопштија градските власти.
Властите наведуваат дека во градот е во сила вонредна состојба и дека повеќе од 2.500 домаќинства во областа се поплавени.
Претходно прес-службата на гувернерот на регионот Оренбург соопшти дека во тој регион се евакуирани 4.208 лица, меѓу кои 1.019 деца, а 427 од нив, меѓу кои 132 деца, се во центри за привремено сместување.
Фото: МИА архива