Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска ги предупреди кинеските компании да не и помагаат на Русија на кој било начин, објавија странските агенции.

„Компаниите, особено кинеските, не треба да даваат материјална поддршка за руската војна против Украина, за руската одбранбена индустрија“, нагласи Јелен во Гуангжу.

Таа се закани со „сериозни последици“ за оние кои го прават тоа.

Американската министерка за финансии од четвртокот е во посета на Кина.

Таа е уште еден претставник на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, кој го повика Пекинг да не и помага на Москва.

Кина се обидува да посредува за решавање на украинскиот конфликт, но не ја осуди целосната инвазија на Русија на соседната земја.

Фото: ЕПА