Денеска во организација на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ Гостивар и Комисијата за здравство, го одбележуваме утрешниот Светски ден на здравјето – 7 Април. Заедно со моите колеги знаеме за штетите кои на здравството му ги нанесе актуелната власт, изјави Дафина Стојаноска, носител на Изборна единица 6.
Стојаноска се осврна и на сите лоши работи кои што се случија изминатиот преиод во здраството, на ковид пандемијата, преку пожарот во тетовската болница, набавката на Филипче на вакцини, па се до условите во кој работи медицинскиот кадар.
-Се потсетивме на ковид пандемијата, на страшниот пожар во Тетово, на профитот на Филипче од набавката на вакцини, на статусот на медицинскиот кадар и на уште многу лоши работи коишто спротивно ветуваа, а не ги реализира, рече Стојаноска.
Ќе се изгради нов Клинички центар, а ќе се реши и проблемот со дефицитарните кадри, вели Стојаноска.
-Но, исто така знаеме дека со програмата Платформа 1198 ВМРО-ДПМНЕ за здравството ветува конечно изградба на нов интегриран Клинички центар во кој што веќе нема да постои дуализмот.
Понатаму, ќе има плус 500 нови вработувања со кои што ќе се реши работниот статус медицинскиот кадар, а ќе се вработат и нови медицински кадри во дефицитарните области. Ќе има набавка на нови и квалитетни лекови и секако, здравството ќе го добие статусот кој што е долго очекуван.
Македонија повторно ќе биде горда.
Македонија повторно твоја, изјави меѓудругото Стојаноска.