Новинарот Фуркан Салиу се огласи на фејсбук страницата од „ПорталиХ“, медиумот кој е во негова сопственост. Го пренесуваме интегрално:

„Здраво, Јас сум Фуркан Салиу. Од објективни причини не можам да пишувам во мојот личен профил. Во моментов сум задржан во полициската станица во Автокоманда. Жал ми е што со моето однесување можеби влијаев ситуацијата да ескалира за да завршам со лисици. Жал ми е дури и ако ве разочарав што верувавте во мојата работа. Ве уверувам дека јас не ја нападнав полицијата.

Иако се беше снимено, полицијата ги избриша материјалите во полициската станица. Што се однесува до пиштолот што беше пронајден во мојот автомобил… Пиштолот е со дозвола и пронајден во мојот автомобил. За време на моето апсење, телефонот и клучевите ми испаднаа од џебот и ги зеде снимателот.
Без судски налог и без јас да бидам присутен како сопственик на автомобилот, тоа беше проверено од специјалната единица.

Делото за кое се товарам, напад врз полицаец, не држи вода и никогаш не може да се докаже. Ви благодариме за поддршката и се надевам дека ќе се видиме наскоро“.