„Кампањата не ја плаќам јас, туку партијата која ме поддржува“, рече Стево Пендаровски, околу скандалот на Асаф Еисин кој го споменуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Пендаровски во ClickPlus кажа дека Еисин бил кај него, и дека тој го упатил на друго место.
„Не работи за мене. Дадов соопштение уште првиот ден. Мицкоски самиот кажува дека се познава со него. Асаф бил кај мене и понуди да ја работи кампањата, и јас го упатив на оние кои ме поддржуваат и кои ќе ја плаќаат таа кампања, ако тие сакаат, нека го плаќаат. Чудно е како вие сте го примиле тој човек, тој ви понудил валкана кампања. Ниту еден кој дошол кај мене и ми нудел кампања никој немаше понуда за валкана кампања. Дали вие сте навикнати на валкана кампања?“, рече Пендаровски.