Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека де факто воен сојуз меѓу Јапонија и САД веќе постои и дека нема ништо ново во овие планови.

„Нема пресврти или вести, постои де факто одбранбен сојуз и знаеме за американскиот воен потенцијал што постои на јапонска територија, толку блиску до нашите граници. Секогаш беше камен на сопнување“, рече Песков, а пренесува „РИА новости“.

Јапонија, САД, Австралија и Филипините вчера ги спроведоа првите заеднички поморски вежби во Јужното Кинеско Море во ексклузивната економска зона на Филипините.

Вчера се одржа и трилатерален самит на САД, Јапонија и Филипините, посветен на подобра координација за прашањето за Јужното Кинеско Море.

Американскиот претседател Џо Бајден на 11 април во Вашингтон ќе ги пречека јапонскиот премиер Фуми Кишида и филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор, со кои ќе разговара за економските односи во Индо-пацифичкиот Регион.