Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

Почитувани,

Изборот пред граѓаните на овие претседателски избори е помеѓу надеж со Пендаровски и враќање во минатото со Силјановска.

Пендаровски е прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата.

Силно го поддржува членството во ЕУ и НАТО.

Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните туку ги обединува.

Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател на сите граѓани, без разлика на етничка, верска или друга припадност.

Тоа е нашиот претседател Стево.

Не само што го врати угледот на позиција туку покажа и интегритет во носењето на одлуките, независно од било која партија.

Без афери, без скандали, без ниту една дамка и без ниту една погрешна одлука.

На граѓаните им е доста од делби и поделби. Време е за државнички одлуки за иднината на сите граѓани.

Со глас за Стево обезбедуваме сигурна европска иднина, подобра иднина за сите.